Родители посвоиле 5 биолошки браќа и сестри, откако дознале дека „системот“ сака да ги раздели
Енди и Томас Бонара од Тексас, САД, веќе имаат три биолошки деца, но тие ја покажаа својата добрина и човечност на еден поинаков начин. Парот имал проблеми со плодноста и децата не им дошле така лесно. Најстариот син Џои (11), има церебрална парализа и е роден со близначката Ели, која за жал починала. И покрај тоа што им било кажано дека нема да можат да имаат уште деца, подоцна ги добиле ќерките Сејди (10) и Дафне (8).
На родителите им било кажано дека е премногу опасно повторно да добијат дете па затоа тие се пријавиле да бидат згрижувачко семејство.
Во 2017 година го згрижиле бебето Брансон. Наскоро, Брисон го следеле неговите браќа и сестри, Габриел (четири) и Дејвид (шест), кои живееле во различни згрижувачки домови. Енди и Томас подоцна откриле дека всушност има 5 браќа и сестри кои исто така биле во различни згрижувачки домови. Сите деца биле ставени на посвојување.
По згрижувањето на сите пет деца, тие започнале со процесот на посвојување. Енди вели: „Бевме многу возбудени. Ние ги сакавме апсолутно сите.“
Со оглед на тековната здравствена криза, Енди не очекуваше документите за посвојување да бидат донесени во скоро време, но им беше понудено судење за посвојување преку Зум. Таа објасни дека процесот на посвојување е „емотивно предизвикувачко искуство“, но знаела дека сето тоа ќе вреди на крајот.