Родителите бесни на Вучиќ: „Ние не можеме да си ги видиме децата, а тој влегува со куп камермани и прави спектакл“

Александар Вучиќ завчера придружуван од бројни новинари и десетина телевизиски камери ги посети повредените во пожар во македонскиот град Кочани, кои се префрлени на лекување во Србија.

После страотниот пожар што во саботата избувна во ноќен клуб во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Повеќе од 40 пациенти се во критична состојба.

 

Блесоците на камерите и лицето на Александар Вучиќ беа првите работи што можеа да ги видат повредените, што беа пренесени на лекување во Србија, од пожарот кога ги отворија очите.

Претседателот на Србија ги посети додека лежеа во собите за интензивна нега, со цела придружба на фоторепортери и сниматели, пред нивните најблиски да имаат можност да ги посетат.

 

Вучиќ при посетата на болницата изјави:

„За нас трагедијата во Кочани е иста како да се случила каде било во Србија. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои се здобија со страшни повреди. Србија секогаш им стои на располагање на нашите браќа и пријатели Македонци, а ние сме подготвени да примиме повеќе пациенти бидејќи имаме врвни болници.

Тој објави фотографии од турнејата на својот Инстаграм профил, но тие предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, како во Србија, така и кај нас.

„Ова е морбидно, за нив ова е смртна опасност“

Многу корисници на социјалната мрежа Х го критикуваа начинот на кој Вучиќ ја организирал посетата, пред се поради присуството на голем број луѓе во болничките соби во кои се сместени пациенти со тешки изгореници, кои најверојатно страдаат од силни болки.

 

„Во сите земји каде што нашите деца беа однесени на лекување, само лекарите даваат изјави за нивната состојба – или преку телефон или пред болница. Само Вучиќ влегува директно на одделението за интензивна нега со куп камери“, напиша еден корисник.

„Овој Вучиќ е ментално болен, подготвен за хоспитализација во затвор и врзан со 3-4 лудачки јакни. Сликата е од неговата денешна фотосесија со жртвите од пожарот. Ќе го сокријам лицето на човекот кој сигурно не дал дозвола да се фотографира по интубација“, се вели во друг коментар.

 

„Катастрофа! Ги праќаме децата на лекување во странство затоа што немаме Центар за изгореници и СТЕРИЛНИ услови кои се задолжителни за изгореници од ваква големина, а во детската соба влегува идиот со целиот помошен персонал и се слика. Ми се гади“, вели друг во низата коментари.

„За ПР на Вучиќ се ризикуваат животите на пациентите“,

Еден од коментарите гласеше: „Секако, благодарам што меѓу првите ги преземавте пациентите и пруживте помош, но ова е под секое достоинство. Родителите не смеат да си ги гледаат децата, а тој доаѓа со 50 новинари и прави спектакл… Срамота“.

„Вучиќ целосно ја премина границата. Се фотографираше со повредените од Кочани кои имаат силни болки, луѓе на кои им треба мир и строги санитарни услови. Наместо тоа, тие влегоа во просторијата со куп камери и медиумска помпа“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *