Родителите на исчезнати деца си одмараат на Хаваи, додека целата земја е во потрага по нив

Баба и дедо во септември пријавиле дека нивните внуци, 17-годишната Тале Рајан и 7-годишниот Џошуа исчезнале. Но, исто така немало ни трага ни глас од нивните родители.

Лори и Чад Дејбел, мајката и очувот на децата конечно се пронајдени, по толку време од страна на новинар и тоа додека си одмараат на Хаваите.  Тие кријат приказна помрачна од најголемиот дел крими-филмови.

Новинарот се обидува да разговара со нив и ѝ поставува прашања на мајката, како може да не знае каде ѝ се децата и што правеле тие до сега. Ниту еден од родителите не одговара на прашањата, а Лори изгледа како чинично да се смешка. По нивниот изглед може да се види дека си фатиле и тен, исто така престојувале во луксузен ресорт, а си имале и изнајмен автомобил.

Откако биле соочени од страна на полицијата автомобилот им бил одземен и наредено им е да се вратат во Ајдахо затоа што се осомничени. Новинарот на „Исток Ајдахо њуз“ Нејт Ејтон за жал не доби ниту еден одговор, од овие луѓе кои и не можат да се наречат родители. Тој исто така забележува дека жената носи многу кеш со неа.

Оваа приказна има прилично „убиствен заплет“ затоа што во 2019 година бил убиен првиот сопруг на Лори, од страна на нејзиниот брат, кој исто така починал од засега непознати причини во декември, а починала и првата сопруга на Чад, од наводно природни причини, но бидејќи полицијата почнала да се сомнева нејзиното тело ќе се ексхумира. Лори и Чад се венчале само по неколку месеци по овие трагедии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.