Родителите во шок: Њујоршките власти потрошиле 200.000 долари на трансвестити кои им читале книги на децата!
Њујорк троши многу средства за испраќање драг-кралици (мажи облечени во жени) во јавните основни училишта. Само минатиот месец, според „Њујорк Пост“, градот платил 46.000 долари за да биде домаќин на „Drug Story Hour NYC“ ,што во превод би било „Час за историјата на драг-кралиците“. Тие часови се одржувале во јавни училишта, библиотеки и улични фестивали.

Некои родители велат дека програмите се воделе без нивна согласност и дека дознале за тоа дури откако нивните деца се вратиле од училиште.
Според веб-страницата на драг-кралиците, само во 2022 година се одржани 49 настапи т.н часови во 34 јавни училишта во Њујорк. Организацијата се позиционира како промовирање на инклузивност, креативност и самоприфаќање кај децата, запознавајќи ги со трансвестити кои читаат книги на слични теми.

„Преку забавно и неверојатно образовно искуство, нашите програми ја слават родовата различност и сите форми на разлики за да изградат емпатија и да им дадат на децата самодоверба да се изразат како што сакаат“, се вели на веб-страницата.
Фотографиите од страницата покажуваат луѓе кои носат фустани со светли бои, перики и густи сенки за очи, им читаат на малите деца на часовите, па дури и им помагаат на децата да се шминкаат.

Од 2018 година, компанијата добила 207.000 долари од даночните обврзници, според извештаите. 50.000 долари од оваа сума се од Државниот совет за уметност на Њујорк, а останатите 157.000 долари од Одделот за образование на градот Њујорк, Одделот за млади и развој на заедницата, Одделот за транспорт и културни прашања.




Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
