Родителски техники кои не се променети од каменото доба

Човечкиот род поминал долг пат од фундаменталните потреби на каменото доба. А сепак, некои работи никогаш не се менуваат, како љубовта што родителот ја има кон своето дете. Алатките за родителство се променија, се разбира, но инстинктот останува ист. Денешните деца можеби цртаат на прекрасни уметнички платна и електронски таблети, но сè започна со мека глина и јаглен многу одамна.

Ние нурнавме длабко во не толку лесните животи на родителите од каменото доба. Бевме воодушевени кога дознавме дека многу од денешните техники и принципи на родителство потекнуваат од почетокот на цивилизацијата.

Децата се занимавале со цртање

Често ја користиме уметноста како алатки за учење на децата за да им помогнеме да ја изразат не само својата креативност, туку и нивните чувства. Денес, имаме боенки и илјадници различни видови алатки за боење. Но, дури и децата од камено доба биле охрабрувани да цртаат што е очигледно од пештерската уметност пронајдена во Франција. Цртежите откриени во овие пештери покажуваат дека децата биле охрабрени да поминуваат со прстите низ мека глина, правејќи вкрстени линии, цик-цак и бранови.

Всушност, една од коморите пронајдена во овој пештерски систем е богата со цртежи, само од деца. Ова ги наведе експертите да веруваат дека праисториските деца посетувале некој вид градинка.

Градинка за деца

Денешните деца имаат играчки, како што се пластични мечеви, Лего коцки и сложувалки. И ако останат сами, децата од сите возрасти имаат тенденција да играат заедно и добро да се сложуваат.

И токму вака си играле и децата од праисторијата. „Училиштето“ се состоело од деца од сите возрасти кои се собирале да си играат, а играчките биле алатки соодветни за возраста. Ова не само што тоа ги окупирало децата, туку и ги подготвувало за иднината.

Постарите се грижеле за сите деца

Во денешните семејства, децата често поминуваат време со постарите. Во многу семејства каде што родителите се отсутни поради различни причини, бабите и дедовците се тие кои се претвораат во примарни старатели. Дури и во тесно поврзаните семејства, ако родителите се излезени, постарите од семејството се тие кои се грижат за децата.

А тоа се случувало и во праисториско време. Повеќето од возрасните, особено постарите лица кои поради возраста не биле толку активни во лов, биле назначени како негуватели. Мудроста што ја пренсувале ѝ помогнала на човечката раса да напредува.

Шишињата за бебиња

Денес има многу мајки кои се борат со доењето поради безброј причини. И како што се испоставува, мајките од палеолит се соочиле и со слични предизвици. Ова е причината зошто најраните шишиња за бебиња, направени од глина, датираат од пред 5.000 години.

Шишињата за бебиња станале почести во железното и бронзеното време, а остатоците во нив укажуваат на животински млечни производи. Човечките суштества отсекогаш биле иновативни кога станува збор да го прават најдоброто за своите деца. Еве слика од шишенце од бронзеното доба, кое датира од 1350 п.н.е. до 800 г.п.н.е.

Позитивно родителство над физичкото казнување

Праисториските родители се чини дека не верувале во физичко казнување или тепање, како што истакнаа неколку студии. Поголемиот дел од воспитувањето на децата во камено доба укажува на родителство со приврзаност и разбирање. Децата биле  карани наместо тепани поради недолично однесување.

Денешните детски психолози исто така веруваат дека удирањето на дете е штетно за неговото или нејзиното ментално здравје. Значи, праисториските луѓе знаеле многу за правилно воспитување на децата.

Расплаканите деца се тешеле

Некои експерти веруваат во методот на тренирање за спиење со плачење. Тие веруваат дека ако доенчињата се сити и им е удобно и топло, тие треба да спијат сами. Ако доенчето се нервира и плаче, тие веруваат дека треба да го оставите да се исплаче. Други експерти не го советуваат ова.

За родителите од камено доба, ова не било прифатливо. Ако детето плачело, родителите или старателите веднаш реагирале. Детето  било гушкано и клацкано со љубов.