Романтичен предлог за брак со авион заврши катастрофално

Мал авион се урна на еден остров во близина на Монтреал по неуспешен обид за романтично запросување, убивајќи еден патник.

Одборот за безбедност на Канада рече дека авионот, Cessna 172, по себе влечел знаме на кое пишувало “Дали ќе се омажиш за мене”.

Во овој момент не е познато дали лицето што го организирало запросувањето е патникот кој загинал во несреќата.

Пилот бил хоспитализирана по несреќата и е идентификуван како Џан Пјеро Цамбела, сопственик на агенцијата за рекламирање „Аерограм“.

Малиот авион полетал од аеродромот Св-Матиу-Де-Лапурири во 05.46 часот. Доказите сугерираат дека кога леталото ја допрело земјата и неочекувано се одбило и се превртело.

Остатоците од авионот биле испратени во лабораторија во Отава за понатамошно тестирање.

 

Пилотот кој управувал со леталото во 2006 година беше на насловната страна на неколку локални весници откако го слета истиот Cessna авион на прометна улица во Монтреал откако му откажал моторот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!