Роналдо стар си за да правиш вакви работи: Кристијано Роналдо загуби од Србите па повторно почна со срамни испади
Откако претрпе пораз од 2:0 во финалето на Купот на сезоните во Ријад, Роналдо оддалеку ја следеше церемонијата на доделување награди додека Милинковиќ-Савиќ го собираше својот трофеј заедно со Александар Митровиќ кој ја освои наградата за играч на турнирот. Но, сепак се гледаше неговата фрустрација.
Кристијано Роналдо е познат како некој кој не сака да губи, што не е спорно, но при поразите, тој често воопшто не се однесува џентлменски, што често ги надминува границите на добриот вкус.
Португалецот беше еден од најлошо оценетите фудбалери на теренот, не можеше да постигне гол, па беше крајно исфрустриран по натпреварот. При излегувањето од теренот, еден од навивачите фрли дрес на Ал Хилал пред Кристијано, а Роналдо го подигна и со него си ги избриша гениталиите, пред да го фрли.
Роналдо и пред тоа беше испровоциран од навивачите на Ал Хилал, кои му скандираа „Меси, Меси“.
„Јас сум тука, не Меси“, им одговори Роналдо.
Можете ли да замислите Роналдо како реагирал кога играл „Не лути се човече“ и губел?
Veshtachka “zvezda”…
I am really impressed along with your writing skills and also with the format for your weblog. Is that this a paid theme or did you customize it yourself? Anyway stay up the excellent high quality writing, it is uncommon to see a nice blog like this one these days..
Коментирај анонимно