„Росалинда“ го прослави својот 50-ти роденден во шарено издание
Мексиканската актерка и пејачка Талија Соди, која ние ја знаеме како Росалинда, го прослави својот 50ти роденден, позирајќи покрај базен, опкружена со шарени балони.
Tалија изгледа прекрасно и повторно ни докажува дека годините се само бројка.
Серијата „Росалинда“ е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 1999 година. Серијата беше гледана низ целиот свет како и во нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 2002 година. Во главната улога се појавува Талија, која исто така ја испеа и насловната нумера.