Ротвајлер, Доберман и Дога на кастрација (виц)
Ротвајлер, Доберман и Дога во чекалната на ветеринарот.
Ротвајлерот:
– Леле браќа готов сум. Газдата ме остави да ја чувам гаражата. Помина една многу јака кучка, јас тргнав по неа и… му ја украдоа колата на газдата! И сега – „ШТРАЦ“ – ќе ме кастрираат за да не ми се повтори тоа.
Доберманот:
– Леле ќути! Мене пак ме оставија да ја чувам куќата, помина една згодна кучка, јас тргнав по неа и ја ќарив. Кога се вратив, куќата беше ограбена. И сега – „ШТРАЦ“ – кастрација!
Догата:
– Си лежам јас на креветот, кога газдарицата излегува од бањата по бањарка. Ѝ падна чешелот, се наведна да го земе, а бањарка кратка, кратка… Не издржав, скокнав и ја оправив!
Ротвајлерот и Доберманот во еден глас:
– Леле… и сега „ШТРАЦ“!
– Ах, не… – „ШТРАЦ“ за вас. Мене ќе ми се сечат ноктите…
Коментирај анонимно