Розовата принцеза на бразилските фудбалски терени

Клесио Мореира дос Сантос, попознат како Маргарида (маргаритка), е бразилски фудбалски судија , познат по неговиот атипичен стил на судење што го направи познат не само во Бразил, туку и во целиот свет.

Маргарида сега има 62 години, кариерата официјално ја заврши во 2004 година, но сѐ уште суди на аматерски и добротворни натпревари. Инаку е женет и има 3 деца, а сето ова што го прави е само шоу.