Русија сака „да оживее“ антички сибирски воини стари 3.000 години

Рускиот министер за одбрана ги откри своите желби да клонира антички кралски воини во проект што можеби ќе не натера да се сетиме на овцата Доли.

Сергеј Шојгу одобри ахеолошки истражувања на гробницата Туннуг стара 3.000 години во Долината на кралевите лоцирана во Тува, Сибир, пред три години и сака да ги клонира номадските воини што биле пронајдени таму.

Според The ​​Siberian Times, најстарите остатоци што биле откриени досега датираат од IX век п.н.е.

Наводно на местото на ископот бид присутен модерен „шаман“ со цел „да не се вознемират душите на мртвите“.

На состанок на Руското географско друштво на 14 Април, говорејќи за остатоците од античките луѓе и животни Шојгу изјави: „ Многу би сакале да најдеме органска материја“.

„Верувам дека знаете што би следело после тоа“, продолжи тој. „Би можеле да направиме нешто од тоа, можеби нова овца Доли“.

Се вели дека Владимир Путин виртуелно присуствувал на состаникот.

Бидејќи телата кои биле погребани пред повеќе од 3 000 години се закопани под мраз се смета дека шансите да се најдат органски остатоци се многу големи.

Шојгу додаде:

„Веќе спроведовме голема меѓународна експедиција. Многу работи се потврдени, но останува уште многу да се направи“.

Шојгу не успеа да каже многу повеќе на оваа тема, но рече дека смета дека откритието ќе биде „многу интересно“.