Русија забрани 81 медиум од Европската унија поради тоа дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина
Во мај, Европската унија објави дека ја суспендирале работата на четири „пропагандни мрежи поврзани со Кремљ“, лишувајќи ги од правото да емитуваат и дистрибуираат на нејзина територија, пренесува ХИНА. Забраната се однесуваше на „Гласот на Европа“, новинската агенција „РИА“ и весниците „Известија“ и „Росијскаја Газета“.

Руското Министерство за надворешни работи денеска возврати, објавувајќи список од 81 медиумска куќа од 25 членки на Европската унија чија работа и емитување сега ќе бидат забранети во Русија. Министерството ги обвинува западните медиуми дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина.
Меѓу забранетите медиуми се француската новинска агенција „Франс прес“, австриската телевизија „ОРФ“, ирската телевизија „РТЕ“ и шпанската новинска агенција „ЕФЕ“ и паневропската „Политико“.

„Руската Федерација постојано предупредуваше на различни нивоа дека политички мотивираното вознемирување на руските новинари и неоправданите забрани на руските медиуми во рамките на ЕУ нема да останат без одговор“, се вели во соопштението на Министерството, пишува „Вијести“.
„И покрај тоа, Брисел и главните градови на земјите-членки одлучија на патот на ескалација, принудувајќи ја Москва да усвои реципрочни и пропорционални контрамерки“, се додава во соопштението.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Како што има кажано Асанж, војната ја започнуваат медиумите со ширење лажни вести! Истите потоа можат и да ја прекинат војната, ако се независни и тоа го сакаат!!! А, во Русија, се сомневам дека има независност???
Коментирај анонимно