Русин сам расте син со Даунов синдром и докажува дека татковската љубов е света

Илјадници семејства низ целиот свет се соочуваат со Даунов синдром. Станува предизвик во реалниот живот за родителите кога ќе слушнат како лекарите откриваат дека нивното дете ја има оваа генетска состојба. Многу деца завршуваат во домови, но има луѓе кои се убедени дека да се има дете со посебна состојба е благослов, а не товар.

Дијагнозата на бебето била како гром од ведро небо

Миша бил многу посакувано и долгоочекувано дете. Евгениј и неговата сопруга се подготвувале да го пречекаат својот син. По неколку часови во породилни болки заедно го слушнале првиот вресок на нивниот син.

Уште во првите минути по раѓањето на бебето, родителите слушнале застрашувачка вест од акушер: „Се плашам дека вашето бебе има Даунов синдром“.

Подоцна лекарите им соопштиле дека малиот Миша имал воспаление на белите дробови и почнале да се борат за да му го спасат животот.

Мајката на бебето не била подготвена да израсне дете со оваа посебна состојба. Таа инсистирала на тоа дека треба да го испратат во сиропиталиште. Но, Евгениј бил непоколеблив во својата одлука: дури и ако тоа значи колапс на неговото семејство, тој ќе ја преземе целата одговорност и ќе го воспита детето сам. Тој и неговата сопруга наскоро се разделиле, а Евгениј му станал и татко и мајка на малиот Миша.

Првиот предизвик за младиот татко било доењето

Откако Миша закрепнал од пневмонија, Евгениј го однел дома и така започнал синџирот на предизвици за родители. Едно од најтешките прашања било доењето. За среќа, имало луѓе кои не останале рамнодушни кон ова семејство и наскоро Миша добил донатор на млеко.

Овој самохран татко има огромна поддршка од неговите пријатели

Откако е роден Миша, неговиот татко слушнал многу осудувачки и остри мислења. Но, вистинските пријатели останале вистински и започнале активно да учествуваат во животот на ова дуо, татко-син. Тие испраќаат подароци и работи што се потребни за секојдневна нега на бебето и честопати доаѓаат во посета на Миша за да видат како радосно расте овој мал џентлмен.

Секој ден им е скрупулозно испланиран

Рутината на семејството е креирана да се направат што повеќе работи за да му се помогне на физичкиот развој на Миша. Масажите, физичките активности и активните игри станаа главни активности на Миша и неговиот татко. Таткото постојано одвојува време за да смислува посебни игри за својот сит и да го одржува активен. За среќа во тоа му помага и неговата мајка, бабата на Миша, која исто така во ниту еден момент не помислила да се откаже од својот внук.