Русинка посвоила 2 риса од фарма за крзно и сега живее со 2 големи „мачки“, 8 кучиња и 3 коњи

Анастасија е девојка од Русија која многу ги сака животните. Таа за себе вели дека е „личност која сака мачки“, но „некако“ завршила со осум кучиња: 6 Хаски, еден Самојед и Северен Инуит. Очигледно не било безбедно да си посвои и мачка, но Анастасија била упорна. Таа сакала по секоја цена да најде мачка која кучињата лесно ќе ја прифатат.

„По некое време, дознав дека во мојата земја, фарми со крзно сè уште постојат. На една таква фарма, рисот се одгледува за своето крзно.“, вели таа. Така таа го посвоила малиот Џералд, а по една година и женката Булочка. Рисовите совршено се вклопиле со кучињата, па и со коњите. Девојката вели дека кучињата им „попуштаат“ на рисовите и тие заедно многу се забавуваат.