Русинка се шокирала откако лекарите ѝ кажале дека е мртва од 2017 година

Дали некогаш сте се обиделе да закажете преглед кај лекар, но сте дознале дека всушност сте мртви? Најверојатно не, но оваа жена го почувствувала овој шок. Алина Висјанускаит неодамна се соочи со оваа многу необична и непријатна ситуација.

Младата жена, од градот Калининград во Калининградската област во северо-западна Русија се изненадила кога се обидела да закаже онлајн преглед кај лекар, но системот ја покажал следната порака: „Услугата е недостапна по смртта.“ Таа првин помислила дека се работи за некоја моментална грешка на системот и првин ѝ паднало смешно.

Но, кога отишла на клиниката ѝ кажале дека всушност Алина последните 3 години е заведена како мртва, откако последен пат го посетила лекарот. Тука работите стануваат уште почудни.

Нејзиниот лекарски картон покажал дека таа починала од цироза на црниот дроб во 2017 година, а една година пред тоа, таа, наводно, страдала од алкохолен хепатитис. Како ѝ да е од 2017 па до сега Алина била пациентка во пренаталното одделение од истата клиника, во која се породила.

Заедно со дијагнозите имало и различни чудни белешки, вклучително и наводни посети на лекари во различни градови, хоспитализации што таа никогаш не ги поминала, како и добиен неодреден статус на инвалидитет. Првин што ќе помислите е дека дошло до забуна со друга Алина Висјанускаит.

Но, се покажало дека не постои ниту една друга жена со тоа име и презиме во цела Русија. Исто така Алина вели дека не изгубила ниту еден од своите документи за идентификација. Така што никој не знае како дошло до ваква забуна.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.