Русите не се предаваат во „борбата за вселената“ и прават интересен потвиг само неколку недели по цивилната вселенска мисија на SpaceX
Двајца космонаути и двајца филмски професионалци следниот месец, на 5-ти октомври, ќе полетаат од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (ISS), со цел да го снимаат првиот филм во вселената.
Со оглед на тоа дека ова лансирање се случува само неколку недели откако SpaceX го испрати првиот цивилен екипаж на тридневна мисија во вселената, многумина веруваат дека оваа мисија е продолжување на натпреварот меѓу Русија и САД за „освојување на вселената“.
„Дејството во филмот се одвива околу една лекарка која нема никаква врска со истражувањето на вселената. Таа ќе се најде во прилика да оди на Меѓународната вселенска станица со цел да оперира еден космонаут кој премногу болен за да се врати назад на Земјата. Лекарката ќе му го спаси животот“, вели режисерот и глумец Клим Шипенко.
Филмот е насловен „Предизвик“, а во него ќе бидат пркажани и проефесионални космонаути како составен дел на екипажот, а главната улога ја има Јулија Пересилд.