Руска крвава свадба: Животот на невестата завршил трагично откако нејзиниот љубоморен сопруг збеснал

Секогаш треба да се внимава со каква личност се стапува во врска или брак, но не веруваме дека оваа жена помислила дека вакво нешто може да ѝ се случи на денот на венчавката. Руска крвава свадба се случила во селото Чик во областа Коченевски.

На 29 септември 33-годишниот Степан Д. и неговата 35-годишна избраничка Оксана П. се венчале. Сепак прославата се претворила во крвата трагедија пред очите на гостите и соседите. Додека го славеле почетокот на новиот живот, младоженецот Степан се напил и станал љубоморен затоа што според него Оксана флертувала со еден од присутните гости.

Степан се разбеснил и почнал да ја удира и клоца Оксана. Гостите се обиделе да ги разделат, но тој давал тежок отпор, за да на крајот ја фрли жената во провалија до неговиот дом, каде што таа и починала. Кога пристигнала полицијата Степан не ја негирал вината и веднаш бил приведен.

Претходно на Степан веќе му се судело за грабеж и убиство. Оксана знаела за ова бидејќи тие се запознале преку допишување од затвор. Нејзините пријатели велат дека Оксана го чекала со радост Степан да излезе од затвор и откако тоа се случило при крајот на јули, тој ѝ предложил брак.

Според пријателите Оксана била многу мирна жена, која често била болна и голем дел од животот го поминала по болници, таа исто така се занимавала со градинство и ги објавувала фотографиите на Фејсбук. Нејзиниот прв сопруг починал во 2016 година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!