Руската новинарска екипа не се надеваше дека случајно ќе открие ваква страшна глетка

Екипа на руска телевизија случајно налета на огромна дупка длабока над 50 метри на полуостровот Јамал во Сибир. Дупката, наречена инка, беше откриена сосема случајно кога екипажот прелета на полуостровот. Тие тогаш биле на терен за сосема друга работа. Научниците веруваат дека оваа огромна дупка е формирана од метан гас што се создал, а потоа еруптирал под насип покриен со мраз – наречен „пинго“ – во време кога капакот на мразот започнува да се топи.

Ова е 17-ти кратер откриен во Јамал, со феноменот за прв пат пријавен во 2014 година. Исто така се смета дека е најголемиот ваков кратер откриен досега.

Научниците веруваат дека „бројот 17“ е единствен по своето „зачувување за понатамошно проучување“, како и поради огромниот дијаметар и длабочина. Научниците беа во можност да откријат многу за овој феномен заради нивното брзо пристигнување во „инката Сејахинскаја“, откриена во 2017 година. Пријавено е дека оваа инка има дијаметар до 10 метри, со видлива длабочина од 30 метри.

Во 2017 година, „Сибир Тајмс“ објави дека околу 7000 пинго биле идентификувани во Јамал, со околу 700 од овие потенцијално склони кон ерупции. Иако повеќето се безопасни, тешкотијата лежи во идентификувањето на оние што можат да бидат опасни, со села и градови во околината кои се потенцијално изложени на ризик.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.