Руски рибар кој лови необични суштества си фати риба со „силикони во устата“ од длабочините на морето

Денес сме навикнати „рибите“ со силикони да ги гледаме по улиците, но еден рибар од Русија ја пронајде рибата на друго место.  Океанот е застрашувачко место. Тоа е претежно неистражена бездна, домаќин на огромен спектар на животни, какви што поголемиот дел од нас никогаш не виделе.

Се вели дека повеќе од 90% од нашите океани и мориња се неистражени, така што не е воопшто изненадувачки да се среќаваме со суштества што изгледаат неверојатно чудни.  Роман Федерецов го поминува поголемиот дел од своето време во риболов стапувајќи во контакт со широк спектар на морски живот.

39-годишниот човек, од Мурманск, Русија, сака да споделува фотографии кога ќе улови нешто повеќе од обичните риби кои сите ги знаеме. Неговиот најнов улов, како што се гледа на фотографијата, е всушност морска штука. Како и да е, изгледа прилично морничаво и на моменти наликува на човечко лице.

Ова не е единствената абнормална риба која ја има пронајдено Роман, тој има и други необични улови кои ги споделил со светот. Тој е заинтересиран и импресиониран од сè на што наидува.  Овие суштества најчесто ги наоѓа во Норвешкото и Баренцовото море додека некои од нив доаѓаат и од брегот на Атлантскиот Океан.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.