Руското движење „Запри кретен“ ги казнува прекршителите на сообраќајните правила на креативен начин

Постои руско младинско движење кое се бори против несовесните возачи и луѓе кои ги надминуваат сообраќајните правила. Тие себе си се нарекуваат „СтопХам“, односно „Запри кретен“ и имаат големо присуство на YouTube, со над 2,5 милиони комбинирани претплатници на нивните 2 канали на YouTube.

Еден од начините на кои тие возвраќаат против несовесните и егоистични возачи е со лепење огромни налепници на нивните автомобили со зборовите: „Плукам по сите, возам каде што сакам“. Движењето е малку контроверзно и е пофалено и критикувано за она што го прават. Најчесто се борат против возачи кои во сообраќаен метеж се прават „најпаметни“ и наместо да чекаат со останатите возат по тротоарот.

Да не заборавиме дека Русите не се „дипломатски настроени“ кога станува збор за расправање, па така момците можат да се најдат во прилично незгодни ситуации, како на пример „средба со“ автоматско оружје. Погледнете неколку нивние видеа и самите одлучите дали овие млади постапуваат правилно со ваков начин на отпор против несовесните возачи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!