Сѐ што треба да знаат тазе мајките: Уште една инспиративна обука од dm и Матрона со „Караванот на мајчинство

На 23 април, во Куманово се одржа важна и инспиративна обука, осма по ред од Караванот на мајчинството, организиран од dm и Матрона.

Од 17:30 до 19:30 часот, во уникатната атмосфера на SPA-ROOFTOP BAR во Куманово, речиси 40 учесници се собраа за да учат, споделуваат искуства и ја продлабочат својата свест за важноста на правилната исхрана и добриот имунитет.

 

Темата на обуката беше: „Правилна исхрана и добар имунитет: Препораки за трудници, мајки кои дојат и деца во најрана возраст”. Прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александра Хаџи-Димова, врвни експерти во областите на здравјето и исхраната, ги споделија своите знаења и искуства, создавајќи атмосфера на доверба и поддршка.

Секое излагање беше проследено со искрени и емотивни моменти, каде што учесниците не само што научија нови информации, туку и се поврзаа со своите чувства и искуства како мајки и идни родители.

 

Оваа обука не беше само предавање, туку и простор за размена на приказни, совети и охрабрување. Сите присутни се вратија дома со нови знаења и инспирација, подготвени да ги применат советите во своите секојдневни животи. Караванот на мајчинството продолжува да ги обединува нашите заедници, поттикнувајќи нѐ нас, како родители, да се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили.

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и продолжуваме да создаваме заедница која ќе се поддржува, учи и расте заедно. Од компанијата се заблагодаруваат на сите учесници и предавачи за оваа незаборавна вечер!

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *