„Сѐ е до математиката. Имам 11 деца од 8 татковци, луѓето се шокирани од мојот живот, но НЕ МИ Е ГРИЖА!“

Отсекогаш имало стигма околу жените кои се мајки на деца со повеќе татковци. Честопати тие се соочени со осуда од другите луѓе.

Една од нив е Фи, од Мемфис, САД, кој родила 11 деца од осум различни мажи.

 

Мајката, која има неверојатни 90.000 следбеници на „TikTok“, редовно споделува смешни видеа на кои се гледа како добро се забавува со своите избраник и деца.

Но, имањето поголем број деца исто така има висока цена, бидејќи мажите секогаш ја напаѓаат мајката и велат дека никогаш не би се омажиле за неа.

 

Откривајќи како е да се биде мајка на 11 деца, Фи исто така вели дека има некои работи за кои и е преку глава постојано да објаснува. Една од нив е што таа има осум татковци на своите деца.
И според неа, тоа е едноставно – се е до математиката.

„Да објаснам. Ако имате еден и одземете еден, имате нула. Но, ако имате осум и одземете три, сепак имате пет“.

На оние кои се борат да разберат, Фи додала подетално: „Да имам само едно бебе, а таткото замине или умре, моите деца ќе останат без татко“.

Одговарајќи на збунетите гледачи, Фи исто така вели шеговито, дека не планира да престане наскоро и дека нема да биде задоволна со само 11 деца.
„Сакам да имам уште 19, само за да можам да израмнам, 30“.

Кога станува збор за пронаоѓање на совршен потенцијален татко, мајката користи различни начини, како што е „Крегслист“.

”Но, тоа е некако нормално сега, па обично сакам да објавувам на „Marketplace“… или ако видам празен билборд, ќе објавам таму. Ништо премногу екстремно, знаете“.

Некои луѓе, исто така, ја обвинуваат Фи дека забременила само за да добие финансиски бенефиции од владата – но како што мајката докажува во видеото, тоа е далеку од случајот.

Зумирајќи документ во кој се наведува детската издршка, Фи покажа дека државата и дава само 10 долари на секои четири недели.


„Навистина изгледа како злосторство“, мајката им возврати на суровите луѓе кои мислеа дека имањето осум деца би требало да биде нелегално. Но, за среќа, Фи, исто така има и поддршка од фанови, велејќи: „Мајка ми има 9 деца. И ние за тоа само велиме дека била заљубена 9 пати“.

  • Sasho напиша:

    “neverojatni” 90.000 sledaci…da problemot e sto ovakvi se primer za mnogu niz svetot, pa posle se cudime zasto opstestyvoto ide u majcina… neverojatni=budali.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *