Сѐ повеќе посетители се собираат за да ја видат Ангела „лажната“ мечка: Кинеската зоолошка градина е преплавена со 20.000 посетители дневно, желни да го видат животното за кое се тврди дека е „маскиран човек“

Посетителите се собираат во сѐ поголем број, во зоолошка градина во источна Кина, за да ја видат мечката со чуден изглед, која стана вирална на интернет поради шпекулациите дека всушност е човек во костим.

 

Околу 20.000 луѓе дневно сега одат во зоолошката градина Ханжу, што е пораст од 30 отсто од првото споделено видео во неделата, за да проценат сами.

Шпекулациите се појавија на интернет откако сончевата мечка Ангела беше видена како стои, моли за храна во малку недекојдневна положба.
Сега, десетици милиони видоа снимки од мечката како несмасно се обидува да фати храна фрлена од посетителите, потоа се откажува и седнува на карпа.

 

Зоолошката градина брзо ги отфрли тврдењата дека животното не е вистинско, нагласувајќи дека таква измама нема да се случи во државна зоолошка градина.
Новите фотографии од зоолошката градина ги прикажуваат посетителите како се собираат за да ја видат мечката додека таа шета наоколу нејзиниот простор и грицка овошје и зеленчук.
Кјан Минг, еден од посетителите, изјави за локалната телевизија дека патувал 400 километри со воз, од Сужоу, за да ја види мечката. „Патувавме ноќеска за да стигнеме овде“, рече тој.

Друг посетител, г-дин Ти, изјави за еден локален медиум: „Откако ја видов оваа мечка како стои на интернет, сакав да видам како изгледа во реалноста, па дојдов овде“.

„Ние сме зоолошка градина управувана од владата. Никогаш нема да има такви ситуации”, вели портпаролот на зоолошката.

Експертите исто така се осврнаа на популарниот клип. Д-р Ешли Маршал, експерт од зоолошката градина Честер, изјави за Би-Би-Си дека животното „дефинитивно е вистинска мечка“.
Таа објасни дека наборите на нејзиниот грб, кои се претпоставува дека се доказ за неприкладен костим, помагаат да се заштити мечката од предатори, бидејќи лабавоста ѝ овозможува на мечката да се „врти лабаво во својата кожа“ и да возврати ако ја зграпчат.

Таканаречените сончеви мечки имаат посебни карактеристики како што се кратко, елегантно црно крзно, бледо жолтеникава полумесечина на градите (што им го дава името) и светло обоена муцка.

 

Тие се познати и како медоносни мечки – поради нивната љубов кон медот – и мечки со кучешки лица… поради нивните лица кои личат на кучиња.

Нивните големи шепи со стапала без влакна можеби изгледаат како обични стапала, но се приспособени да им помогнат да се качуваат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *