Сѐ уште постојат „луѓе“: Клиентите секое утро ги купуваат сите крофни од оваа продавница за газдата да може да ја посети својата сопруга во болница
Има ли нешто послатко од тоа луѓето да им помагаат на луѓето? 🍩💞
Речиси 30 години, Џон Чан и неговата сопруга Стела имаат продавница за крофни и тие секое утро им служат на клиентите тазе крофни.
Тие дошле во САД како бегалци од Камбоџа во 1979 година и отвориле продавница за крофни наречена „Donut City“ во Сил Бич, а дуото оттогаш прави вкусни крофни.
Но, минатиот месец Стела престанала да се појавува зад пултот. Таа претрпела мозочна аневризма, и иако преживеала, била многу слаба и полека закрепнува во установа за рехабилитација. Тоа значело дека Џон Чан ја води продавницата сам и е подалеку од својата болна сопруга. Кога клиентите дознале за ситуацијата, сакаа да направат нешто за да помогнат.
Некои понудија да постават сметка на GoFundMe, но Чан одбил. Тој рече дека едноставно сака повеќе време со неговата сопруга. Така, клиентите на „Donut City“ се впуштија во друга мисија: да му помогнат на Чан да го распродаде својот инвентар што е можно побрзо секој ден.
Клиентите секое утро се собираат весели и рано за да ги купат крофните на Чан за да може да биде со својата болна сопруга.
Веста се пренесува од уста на уста, онлајн и во билтените на заедницата, клиентите на „Donut City“ ги охрабруваат луѓето да купуваат крофни рано и да купат многу од нив. Клиентите се појавуваат кога продавницата се отвора во 4:30 часот наутро, и благодарение на тоа што многумина од нив купуваат десетина крофни навреме, послужавниците се празни повеќето денови во 7:30 часот.
Локалните жители велат дека едноставно им ја враќаат љубезноста што им ја покажувале Џон и Стела низ годините. Доживотниот клиент на „Donut City“, Стивен О’Фелон, ги сподели своите чувства со CNN. „Таа секогаш беше одзади правејќи крофни. Јас одев таму со мајка ми и татко ми наутро пред училиште. Џон секогаш ни даваше по некоја гратис крофна. Секогаш има насмевка на лицето“.
Џон Чан изјави за вестите на ABC7 дека го цени изливот на поддршка од заедницата. Тој е среќен што може рано да ја напушти продавницата и да поминува повеќе време со сопругата додека таа закрепнува.
Стела, патем, добро напредува. „Таа може да зборува, може да пишува. Во моментов таа се обидува да почне да јаде нешто“. – вели Џон.
Коментирај анонимно