Сѐ уште постојат млади луѓе на кои ТикТок не им е приоритет: Студент создал комплет за претворање на обичен автомобил во електричен автомобил

Австралискиот студент по дизајн Александар Бартон разви необичен комплет за прототип за претворање на конвенционалните бензински и дизел автомобили во модерни хибридни електрични возила. За неговите напори, тој неодамна беше награден со националната награда Џејмс Дајсон. За ова пишува Dezeen.com.

 

 

Наречен REVR (Rapid Electric Vehicle Retrofits), овој иновативен комплет е дизајниран да обезбеди поприфатлива и поудобна алтернатива на постоечките услуги за конверзија од обично возило во електрично.

Се започнало пред неколку години кога Бартон и неговиот татко почнале да размислуваат за трансформирање на семејната Тојота од 2001 година. И двајцата мислеле дека е сигурен и добро изграден, но формалната конверзија во електричен автомобил изгледала скапо и недостапно. Бартон одлучил да најде прифатливо решение кое ќе помогне да се намалат емисиите на штетни материи во животната средина и да се направи транзицијата кон електрични возила подостапна.

Според Бартон, типичната процедура за таква конверзија на автомобил од средна класа чини во просек 50.000 австралиски долари односно 30.000 евра, што ја прави недостапна за многу сопственици.

Традиционалниот метод вклучува целосно отстранување на моторот со согорување, менувачот и хидрауличните сопирачки, а потоа нивно заменување со батерии и електрични мотори. Меѓутоа, со REVR, сите овие компоненти остануваат недопрени. Наместо тоа, рамен, компактен електричен мотор е поставен помеѓу задните тркала на возилото, а батеријата и системот за контрола се сместени во просторот за резервна гума или багажникот. Под хаубата се инсталирани и дополнителни системи, вклучувајќи електрично сопирачки и серво волан, како и електронско греење и климатизација.

Што е најважно, Бартон верува дека со својот пристап ќе може да го понуди овој комплет за само 5.000 австралиски долари (3000 евра) и да го направи компатибилен со речиси секој автомобил.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *