САД повторно се потсети на Џорџ Стини, дете чиј живот заврши трагично само поради бојата на кожата

Нередите во САД ескалираат и за прв пат во историјата на државата се изгасени светлата во Белата куќа, а претседателот Трамп е однесен во бункер. Немирите започнаа откако полицаец го уби афроамериканецот Џорџ Флојд и сето тоа беше фатено на камера.

Протестите почнаа да излегуваат од контрола и станаа прилично насилни со што може да се каже дека се губи поентата за правдата за трагично изгубениот живот на Флојд. Но, оваа немила случка доведе многу луѓе да се присетат на една трагична приказна за млад живот од минатото.

14-годишниот Џорџ Стини на 16-ти јуни 1944 година бил осуден за две убиства. Според судот и полицијата афроамериканецот убил две бели девојчиња на возраст од 11 и 7 години, во Алкол, Јужна Каролина. Било јасно дека правдата не била на страната на малиот Џорџ. Неговото судење траело само 10 минути и тој има адвокат, кој бил белец, а и на неговите родители не им било дозволено да присуствуваат на судењето. Адвокатот работел против неговото добро и не сакал да ги сослуша сведоците и да направи вкстено испрашување.

Така на малиот Џорџ му била доделена смрттна казна. 84 дена по убиството на девојчињата Џорџ бил егзекутиран на електрична столица. Детето до последен момент тврдело дека е невино и за време на егзекуцијата во раката држел Библија. Тој е најмладата личност во САД на која некогаш ѝ била доделена смртна казна.

Џорџ на својот цимер од затворот му признал дека полицијата го присилила да признае дека тој го направил делото и дека тој воопшто не знаел што се случило.

Повторна истрага за него била отворена во 2004 година, а пресудата била поништена во 2014 година, 70 години откако бил погубен и откако судот донел одлука дека неговото судење не било фер. Нема официјални документи од неговото судење во 1944 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.