„Сакам да се разведам од мојата сопруга затоа што не покажа никаква емпатија кога бев болен. Дали преувеличувам?“

Еден маж призна дека размислува за развод од својата сопруга, откако таа не го сфатила сериозно неговото здравје за време на сериозна синусна инфекција.

 

 

 

На „Reddit“, тој објасни дека бил хоспитализиран осум дена, а незаинтересираноста на сопругата го навела да се прашува дали сака да го помине остатокот од животот со неа.

„Во ноември завршив во болница со тешка синусна инфекција. Во текот на тие денови сфатив дека мојата сопруга навистина не се грижи за мене“, напиша тој.

Тој сподели дека уште од почетокот, додека бил со симптоми како вртоглавица и треска, сопругата го гледала како драматичар и сметала дека станува збор за панични напади, дури и откако инфекцијата била дијагностицирана. Мажот изјавил дека нејзиното однесување, како иритација и отсуство на поддршка, го навело да се чувствува како товар.

 

 

„Кога ја замолив да ме однесе до болница по операцијата, таа реагираше со бес0,“ додава тој.

По објавата, многумина на интернет го поддржаа во неговите чувства. Некои коментираа дека партнерот треба да биде поддршка, а не извор на дополнителен стрес.

„Ако таа не може да се грижи за тебе во тешки моменти, не е вистинската личност за тебе“, беше еден од коментарите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *