Сакате да го намалите внесот на калориите? Да додадете чили пиперки во вашата храна, е советот од научниците

Истражување спроведено од Универзитетот во Пенсилванија покажа дека умерената лута храна може природно да доведе до намалување на количината на внесена храна и калории, без потреба од посебни ограничувања. Истражувачите ги испитувале ефектите од т.н. „орално горење“ – сензацијата на лутење што ја предизвикуваат зачини како чили пиперките.

 

Сакате да го намалите внесот на калориите? Да додадете чили пиперки во вашата храна, е советот од научниците

Како изгледаше експериментот?

Докторката по нутриционизам, Пејџ Канингем, објаснува дека идејата произлегла од познати податоци дека кога луѓето јадат побавно, консумираат помалку храна. Со оваа претпоставка, тимот извршил лабораториски експерименти со 130 возрасни учесници, кои добивале популарни јадења како чили со говедско и пилешка тика масала во две варијанти – лута и нелута. Степенот на лутината бил прилагодуван со мешавина од слатка и лута пиперка, со цел вкусот да остане пријатен.

Видеонабљудувањето покажало дека учесниците кои јаделе лута верзија на јадењата јаделе побавно и помалку. Вкусот не им бил нарушен, а чувството на ситост било исто како кај оние што јаделе нелута храна. Истовремено, не се зголемило ниту количеството вода што ја испиле, што исклучува можност дека намалениот внес на храна е резултат на зголемено пиење.

 

Лута храна = помалку храна?

Професорот по науки за храна, Џон Хејз, истакнува дека ваквите емпириски истражувања се суштински бидејќи интуитивните претпоставки не секогаш се точни. Тој додава дека лутите зачини може да помогнат во контролирањето на количината храна, без да се жртвува задоволството од јадењето. Тимот планира и нова фаза на истражувања што ќе ја испита поврзаноста меѓу лутата храна и навиките за грицкање.

 

Лута храна = помалку храна?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *