Сакате да се преселите во пејзажно европско село и да живеете спокоен живот опкружени со добро сирење и вино? Еве ви совршена шанса!

Замислете да живеете во пејзжно европско село и секој ден да се будите вдишувајќи свеж планински воздух додека гледате кон прекрасното сино море.

Тоа е живот за кој повеќето од нас можат само да сонуваат, или барем искуство што можеме да го имаме само неколку недели додека сме на одмор, но еден регион во Италија им дава шанса на луѓето за да ги направат тие соништа реалност. И уште поневеројатно, тие ќе им платат илјадници за привилегијата!

Калабрија во јужна Италија нуди до 28.000 евра на луѓе кои сакаат да се преселат во некои од најпознатите рурални села, во обид да се врати падот на населението во регионот.

На луѓето кои се подготвени да се посветат на живот во некое од селата, од кои секое има помалку од 2.000 жители, локалната самоуправа ќе им понуди месечен приход под услов да започнат сопствен бизнис таму или преземат некоја локална професија.

Локациите тешко може да се опишат со зборови. Пејзажните села нудат чист планински воздух, поглед на море и недопрена природа.

Повеќе од 700 000 евра се наменети за употреба во „шемата за активен престој“, со тоа што Калабрија инспирираше низа други региони во Италија кои сега исто така нудат субвенции и поефтини станови во обид да ги подмладат своите локални популации.

Постојат неколку услови: кандидатите мора да бидат под 40 години и подготвени да се преселат во рок од 90 дена откако ќе бидат прифатени во програмата.