Само 3% од планетата останале недопрени од луѓето, според најновите истражувања

Извештајот објавен во „Frontiers in Forest and Global Change“, тврди дека „еколошки недопрените“ делови на Земјата сега се ограничени на само неколку проценти.

До откритието дојде откако група истражувачи, предводени од Ендру Плумптре, проучија мапи кои го покажуваат нивото на човечкото уништување на различни екосистеми низ целиот свет и ги споредија со оние што покажуваат каде групи животни изумираат или целосно исчезнуваат.

„Истражувањето јасно покажува дека има изумрени видови од овие области, големи и средни месојади, а  особено големи и средни тревојади“, рече Плумптре за време на интервју.

„Некои се изумрени поради лов“, објасни тој, „некои изумреа поради доселување на инвазивни видови, како што се мачки и кучиња, а некои поради болест“.

Постојат три различни начини на кои тој и неговиот тим истражувачи измерија колку е погодено живеалиштето: мерење на недопреност на живеалиштето, мерење нанедопреност на фауна и мерење на функционална недопреност.

Во суштина тоа значи дека тие можат да го измерат процентот од последните две, недопреност на фауна и функционална недопреност, и да го искористат за да утврдат кој дел е изгубен. „недопреноста на фауната беше 2,9% од површината на земјата,а  функционалната недопреност 2,8%“, рече Пламптре, што значи дека другите 97%, т.е. копнените екосистеми, страдаат од низа фактори предизвикани од човекот, како лов, индустрија и инвазивни видови.

Наодите сугерираат дека остануваат пет недопрени екосистеми: Конго, Танзанија, дождовната шума во Амазон, Сибир и јужниот дел на Чиле. 

Како што видовме во текот на изминатата година, некои делови од светот започнаа да се „санираат“, благодарение на глобална забрана за производство на CFC (Хлорофлуоројаглерод).

Се верува дека  со помош на човекот еколошката недопреност може да „заздрави“ и да се подобри за околу 20%. Ова може да значи дека областите како што се Алјаска, северна Канада, Русија, пустината Сахара, дождовната шума Амазон, како и тропската шума Конго, може да започнат да „заздравуваат“ со текот на времето.

Сепак изгледа дека човештвото навистина не научило ниедна лекција, бидејќи емисиите на јаглерод диоксид се очекува да се зголемуваат во 2021 година.