Само двапати се умира: И духовите умираат затоа што постојат само околу 100 години, тврдат параномалните истражувачи
Студија на 100 познати места со извештаи за духови стари стотици години покажала недостиг од нови сведоштва.
Духовите кои „комуницирале“ со експертите најчесто велеле дека се присутни помалку од 100 години.
Доктор Брајан Стерлинг-Вете, водач на светската прва служба за спасување од паранормални појави, со бази во Велика Британија и САД, го објави својот длабок извештај наречен „Проект Полу-Живот“, врз основа на повеќе од една деценија истражување. Тој изјави: „Кога сите податоци беа разгледани, беше вистински шок да се мисли дека нашите некогаш познати духови буквално може да ‘умираат’.“ Очигледно беше дека познати духови на некогаш препознатливи места стануваа сè поретки, а некои не беа видени веќе со години. Проект Полу-Живот укажува дека духови со свест имаат ограничен животен век, исто како и живите луѓе.“
„Со едноставни зборови, вториот закон на термодинамиката ни кажува дека енергијата има тенденција да се распрснува и да ослабува со текот на времето. Би рекол дека нашите откритија покажуваат дека и духовите се согласуваат со вториот закон на термодинамиката, бидејќи изгледа дека им снемува енергија. Сега сум познат во круговите на паранормални истражувачи по изреката: ‘Само двапати се умира,’ во чест на филмовите за Џејмс Бонд што ги обожавам.“
Еден дух кој, наводно, сè уште не ја доживеал својата „втора смрт“ е духот на поранешниот премиер Винстон Черчил. Наводно, тој го „посетува“ женскиот тоалет на историскиот брод Квин Мери, според еден ловец на духови.
Пејачката и експерт за паранормални појави, Брокарде, тврди дека го видела Черчил со пура како се шета по ходниците и се задржува во женскиот тоалет на бродот, кој сега е закотвен во Калифорнија.
Брокарде, која била на бродот за една забава, рече: „Секогаш доживувам паранормална активност кога најмалку ја очекувам. Одејќи по долгото, тесно ходникче кон тоалетите, со секој чекор воздухот стануваше потежок, а јас бев обземена од интензивно чувство на страв. Ja отворив вратата од тоалетот и го најдов просторот исполнет со густа магла. Имав чувство дека некој ме следи, бидејќи кога се затвори вратата зад мене, се слушнаа два удари, како некој да влегол по мене.“
Таа додаде: „Тогаш го видов целосниот облик на тежок човек со пура; изгледаше исто како Винстон Черчил. Излетав од тоалетот како молња, тоа беше најбрзото влегување и излегување од тоалет што сум го направила досега.“
site ste za vo negorci
Коментирај анонимно