Само Шото ја знае вистинската приказна за неговото патување: Изгубената мачка на семејство од Тексас се враќа дома по 3.200 километри авантура
Само Шото ја знае вистинската приказна за неговото неверојатно патување од Тексас до Масачусетс. Искуствата и средбите што ги имала по пат се мистерии кои засекогаш ќе фасцинираат. Сепак, едно е сигурно: сопствениците на домашно милениче спијат подобро вечерва, повторно заедно со нивната прва семејна мачка по двегодишна потрага.
Речиси 3.200 километри го двоеле Шото од неговото семејство од Тексас, кое се соочило со незамисливото кога нивната сакана мачка исчезнала за време на бруталниот јануарски студ.
И покрај нивните најдобри напори, тој никогаш не бил пронајден додека Humane Society Dakin во Спрингфилд, Масачусетс не ја исполни нивната најдлабока желба. Вработените во засолништето неодамна останаа во неверување откако некој човек донел изнемоштена мачка на која ѝ требала помош. За среќа Шото имал микрочип и по тоа сфатиле дека е тој.
Овие чипови се користат за идентификување на домашни миленици и обично се имплантираат под кожата. Тие содржат единствен идентификациски број што може да се прочита со скенер за микрочипови, што им овозможува на ветеринарите или засолништата да пристапат до информациите за контакт на сопственикот доколку миленичето се изгуби. Во овој случај, скенерот заѕвонел, што покажува дека успешно го прочитал микрочипот и го открил идентификацискиот број.
Кога на телефонот на семејството на Шото се појавил префиксот на Дакин во Масачусетс, сопственикот на мачката за малку ќе немало да крене мислејќи дека ќе го замараат некои телепродавачи.
„За среќа, остваривме контакт“, велат од засолништето.
Без двоумење, сопственикот на мачката се упатил кон Дакин од Тексас, патување кое трае 26 часа во еден правец, за повторно да се соедини со својата сакана Шото.
„Никој освен Шото никогаш нема да знае како стигнал во Масачусетс“, велат од засолништето. „Таа авантура засекогаш ќе остане негова тајна“.
Друштвото „Dakin Humane“ рече дека е чест да го обедини семејството по толку долго време разделено, благодарение на неверојатната моќ на микрочипот.
Сепак, иако микрочиповите се од непроценлива вредност за повторно обединување на изгубените миленичиња, од засолништето велат дека тие не се решение за следење во реално време.
„Микрочиповите се корисни парчиња технологија“, велат од засолништето. „Тие помагаат да се задржат луѓето и миленичињата заедно и беа причина за повторно обединување на безброј семејства“.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Коментирај анонимно