Самохран татко реши да ја искаже својата љубов кон ќерката, покажувајќи ја нежната страна, која мажите вешто ја „кријат“

Кејси Филдс, од Тексас, учествуваше на фотосесијата со својата едногодишна ќерка Лила, додека носи здолниште од розев тул и покрај тоа што себе се опишува како „мажествен“ човек. Срцезатоплувачките фотографии станаа вирални на социјалните мрежи, а Кејси вели дека е во ред мажите да ја покажат својата нежна страна пред ќерките за да ги направат среќни, иако тоа навидум не одговара со „машкоста“.

„Бев во смисла како ‘што има врска ќе го сторам тоа’. Никогаш не сум носел тул или нешто слично претходно, но јас бев спремен да го направам тоа за Лила секако. Само го облеков тулот и почнав да зборувам со Лила и заборавив дека воопшто го носам. Таа е мојот свет, таа одлично си поминуваше како и секогаш. Јас се сметам себеси за „мажиште, но со неа го губам сето тоа и само сакам да бидам нејзин татко.“, вели Кејси.