Самохрана мајка не може да поверува откако ја фатила својата „најдобра“ пријателка како ја ограбува

Самохраната мајка, од Хедон во Хул, Саманта, помислила дека полудела. Постојано ѝ снемувале пари од нејзината тегла за заштеда и од касичката на нејзиниот син. Нејзините сомнежи почнале да се зголемуваат и таа решила да постави скриена камера за да види што се случува во нејзиниот дом.

27-годишната се запознала со Мелиса Колиер (28) на Технолошки колеџ „Јужен Холдернес“ кога имале само 13 години – наскоро тие станале неразделни, со големо ниво на доверба помеѓу нив. Саманта знаела дека во почетокот нема вистински докази, така што наместо да се соочи со Мелиса, таа купила скриена камера од Амазон и ја ставила зад тостерот.

„Тој ден се однесуваше како ништо да не се случило. Таа ми рече дека ми направила чаша чај, како да ми направила корист, но штотуку украла од мене. Плачев кога ги гледав снимките, беше лошо. Ова ми беше најдобрата пријателка на која ѝ помагав и таа крадеше од мене, беше толку тешко да се процесира. Јас сум самохрана мајка и таа знаеше дека се мачам. Таа беше мојата најдобра пријателка, јас се верував во неа за сè а таа крадеше од мене. Таа ме остави во позиција каде не можев да си ги дозволам сметките. Ја сакав како сестра и таа не се грижеше за тоа како нејзината кражба ќе влијае на мојата способност да ги платам сметките или за мојот син Лукас.“ вели скршената Саманта.

Поради постапките на Мелиса, заштедите на Саманта се намалија од 300 на 50 евра – веднаш пред Божиќ. Мелиса всушност и не крадела од очај, таа си има работа со полно работно време и редовна плата. Саманта вели дека откако почнала да ја краде почнала почесто да си излегува, да си ги средува ноктите, да си порачува храна и слично.

Откако Саманта го пријавила инцидентот во полицијата открила дека нејзината пријателка веќе била истражувана за кражба. По нејзиното апсење, таа испратила десетици пораки до Саманта со извинување, велејќи дека знаела дека треба да престане.