Самохрана маjка од Велика Британија украла над 500.000 долари од својот работодавец – голем дел од парите ги потрошила на TikTok подароци

На прв поглед, Кетрин Гринал изгледала како секоја самохрана мајка – посветена на својата работа и грижата за двете деца. Но зад кулисите, 29-годишната Британка од Сент Хеленс, близу Ливерпул, водела двоен живот: присвоила речиси 600.000 долари од својата фирма за да си финансира луксузен начин на живот.

Наместо основни потреби, таа потрошила над 500.000 долари на виртуелни „TikTok монети“ кои им ги подарувала на инфлуенсери. Остатокот бил потрошен на козметички третмани, одмори и шопинг. Измамата, која траела од јануари 2023 до мај 2024, сериозно го загрозила опстанокот на компанијата car.co.uk, дел од групацијата New Reg Ltd.

 

Самохрана маjка од Велика Британија украла над 500.000 долари од својот работодавец – голем дел од парите потрошила на TikTok подароци

Како се развивале случувањата?

Гринал, прва вработена во фирмата, брзо напредувала, од почетна плата со минимална сума до над 60.000 долари годишно. Таа лажно внесувала свои податоци под имиња на клиенти, и со текот на времето трансферите преминале од стотици до илјадници долари.

Во мај 2024, по итен состанок поради финансиски недостатоци, Гринал направила последен трансфер од 25.000 долари и лажно се повикала на семејна итност пред да исчезне. Набргу потоа, самата се пријавила и признала вина.

 

Како се развивале случувањата?

Пресуда

Судијата ѝ изрече затворска казна од 28 месеци, посочувајќи дека делото е „предавство“ кон довербата на фирмата и штета кон семејството и колегите. TikTok засега не коментираше, а банката Barclays тврди дека нема вина, иако компанијата смета дека банката и платформата сносат дел од одговорноста.

 

Пресуда

Децата на Гринал – од кое едното има тежок АДХД – ќе се грижат нејзината сестра додека таа ја отслужува казната.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *