Самохрана жена посвоила дете со споени прсти, половина желудник и еден бубрег – никој не верувал дека тоа дете подоцна ќе биде Олимпијката Оксана Мастерс

Оксана Мастерс ги поминала првите години во сиропиталишта, напуштена од семејството поради тешките физички аномалии. Родена во 1989 година, имала една бубрег, половина желудник, шест прсти на секоја нога, споени прсти и била без палци. Без потколеници и со нееднакви нозе, поминала низ три сиропиталишта пред да ја посвои Геј Мастерс, самохрана жена од САД.

 

 

Геј веднаш почувствувала дека Оксана е нејзината ќерка. Иако многумина ја советувале да не посвои постаро дете со толку здравствени предизвици, таа не се откажала. Две години подоцна, конечно ја донела Оксана дома. Со поддршка и љубов, девојчето се адаптирало, а спортот станал нејзин излез и терапија.

 

 

 

Првата ампутација ја имала на 9 години, а втората на 14. Почнала со адаптивно веслање, иако не сакала да биде дефинирана според својата попреченост. Учествувала на Параолимписките игри во Лондон 2012 година и освоила бронза. Потоа, преминала на скијање и на Зимските параолимписки игри 2014 година освоила сребро и бронза.

 

 

Не застанала тука – се натпреварувала и во пара-велосипедизам, освојувајќи два злата на Летните параолимписки игри во 2020 година. На Зимските параолимписки игри 2022 освоила уште едно злато во биатлон. Добитничка е на престижната награда „Laureus“ за спортисти со попреченост.

 

 

Денес, Оксана е една од најуспешните параолимпијци, симбол на истрајноста и силата.

„Никогаш не дозволувајте општеството да одлучува што ќе видите во огледалото“, порача таа. „Одете по своите соништа“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *