Самоука пекарка создава 3Д торти поради кои најверојатно попрво би изгладнеле отколку да ги „уништиме“

Веројатно сте виделе многу пекари чија работа изгледа кул. Но, доколку го посетите профилот на Моли Робинс ќе помислите дека сте влегле во зоолошка градина. Таму има буквално сѐ, од мрзливец до слон.

Моли прави торти во последните 10 години и не е проблем за неа да создаде секаков вид магија. Тие едноставно изгледаат премногу добро за да се јадат.