„Самсонајт“ лансираше куфер во вселената, а потоа го фрли – еве што се случи потоа
„Самсонајт“, производител на патна опрема, тестираше издржливост на својот куфер „Proxis Global Carry-on Spinner“ со тоа што го лансираше на висина од околу 40 км во воздух. Куферот, кој чини 425 долари, не само што успешно го помина тестот, туку целиот подвиг е снимен на видео.
Куферот достигнал ниски температури, а при спуштањето кон Земјата користел саморазвивачки падобран за контролирана брзина, објави „Travel + Leisure“. Тестот е направен во соработка со маркетинг агенцијата „Sent Into Space“, специјализирана за тестирање на производи во екстремни услови.
„Proxis Global Carry-on Spinner“ тежи само 2 килограми, а неговата надворешна обвивка е изработена од „Roxkin“ – мултислоен и еколошки материјал што го прави исклучително издржлив и лесен.
„Издржливоста доаѓа од односот на тежина и сила на материјалот”, изјави Уллијада Бопана, потпретседател за дизајн и иновации во „Самсонајт“.
„Sent Into Space“ има искуство со лансирање на различни производи, од блендери до кукли Барби, но овојпат задачата била да го „малтретираат“ куферот.
Коментирај анонимно