Сара Ристевска, ќерка на Македонецот кој си ја уби сопругата во Мелбурн, за прв пат проговори пред камера

Приказната која ја шокираше македонската јавност пред неколку години повторно излезе на површина откако ќерката на убиецот реши за прв пат да зборува за смртта на нејзината мајка. Убиството се случи во 2016 година, а Борче Ристевски, Македонец кој живее во Австралија, Мелбурн, призна дека го извршил делото и доби 13 години казна затвор.

Борче бил во брак со Карен 27 години и заедно ја имаат ќерката Сара, која по скоро 4 години одлучи да зборува. Еве што кажа Сара, а доколку сакате да дознаете повеќе за убиството кликнете тука.

24-годишната Сара е прилично потресена и емотивна додека раскажува за трагедијата: „Таа ми е во мислите постојано, не можам да ја извадам од главата. Го прашав дали имал некаква врска со тоа.“

Сара постојано била на страна на нејзиниот татко и Борче секогаш го опишува како грижлив татко и сопруг и дека досега во нејзиниот живот не забележала било какво насилно однесување на нејзиниот татко кон нејзината мајка. Таа дури за време на судењето на нејзиниот татко не дала изјава во корист на жртвата туку изјавила колку нивното семејство било блиско и хармонично.

Она што најмногу ја шокираше македонската јавност и јавноста во Австралија е тоа што Борче 3 години негирал дека го извршил убиството, па дури и го носел ковчегот на неговата сопруга за време на погребот. Сара ќе ја раскаже својата приказна во емисијата „60 минути“, која допрва треба да се емитува.