Шарен тепих од цвеќиња во најсувиот дел од светот: Кога Атакама ги открива своите скриени бои

Јужноамериканската пустина Атакама се наоѓа во северниот дел на Чиле. Со само 15 мм врнежи годишно, тоа е едно од најсувите места во светот,  научниците претпоставуваат дека „нормален“ дожд не паднал во  Атакама од 1570 година.

Почвата потсетува на планетата Марс, па не е изненадувачки што „Вселенска одисеја“ е снимен во таа област, а НАСА го користи тој простор за тестирање инструменти за потенцијална мисија за Марс.

Со таква скржава и сурова клима, малкумина би помислиле дека нема живот во Атакама. Но напротив, пустината има богата флора и во нејзините граници се наоѓаат дури 500 видови на растенија кои се прилагодиле на условите за живот овде.

Тука најчесто ќе најдете мајчина душица, кактуси и разни видови треви, па дури и дрвја. Одредени видови дрвја растат на надморска височина од 3000 до 5000 метри.

Шарен тепих

Најфасцинантна е глетката на пустината која цвета по ретките дождливи епизоди. Како да се обидува да го компензира целиот (не)живот во суви услови, пустината експлодира во боја дури и по мали количини дожд.

Феноменот е познат како „расцветана пустина“ и не е специфичен за Атакама. Но поради својата сувост, сепак привлекува најголемо внимание.

Повеќе од 200 видови жолти, црвени и розови цвеќиња создаваат бесконечен шарен тепих, а повеќето од овие видови се ендемични, специфични само за регионот Атакама.

Туристи бидете внимателни

Цветовите цветаат од Септември до Ноември кога паѓа малку повеќе дожд од вообичаеното, овој настан е поврзан со бран на топли океански струи познати како Ел Нињо. Поради специфичните услови што владеат таму, овој феномен не се случуваат секоја година, во просек се случува на секои 5-7 години и трае кратко.

Поради многуте туристи и опасноста што човекот може да ја претставува врз животната средина, бројни еколошки здруженија успешно лобираа за низа ограничувања и контроли на влезовите во пустината. Исто така, се спроведуваат информативни кампањи за да се предупреди јавноста за потребата од заштита на оваа чувствителна област.