Шарена престолнина: Најголемиот парк за пеперутки во светот каде ќе сакате да останете со часови

Coconut Creek е неверојатно место кое со право се нарекува светската престолнина на пеперутките. Токму тука, на јужниот брег на Флорида, САД, и на еден час од центарот на Мајами, се наоѓа нереално убав парк познат како Светот на пеперутките.

На големиот имот има шест различни градини, водопади, фонтани и езерца, два музеја, зоолошка градина со инсекти, лабораторија … И секако, дури 20.000 пеперутки (80 видови) од целиот свет. Ова го направи овој парк најголемиот парк на пеперутки во светот.

Покрај пеперутките, тука можете да видите многу егзотични видови птици, скорпии, молци, бубачки, оси … Во лабораторијата, посетителите можат да видат различни фази низ кои расте пеперутката.

Тука живее една од најголемите пеперутки во светот чии тиркизно сини и црни крилја може да бидат од 25 до 28 сантиметри (поголема од човечка дланка).

Ќе ви требаат најмалку два часа да го обиколите целиот парк, а честопати и повеќе – во зависност од тоа колку сте фасцинирани од психоделични крилести животни и колку трпеливост имате со камера в рака.

Како што велат, Светот на пеперутките е „хоби на човек кој излегол од контрола“. Роналд Бендер како дете бил фасциниран од пеперутки па решил таа љубов да ја материјализира по пензионирањето.

Посетителите истакнуваат дека искуството е подеднакво возбудливо и за деца и за возрaсни, па затоа цената од скоро 30 долари по човек се исплати.