Сценарио како од научно-фантастичен хорор: Лигави, портокалови „вонземјански мешунки за јајца“ откриени во река во Холандија
Oд една река е извлечена чудна, лигава портокалова „кеса“ која наликува на светлечко диносаурско јајце или некои би рекле вонземјански јајца.
Иако научниците знаат што е тоа — колонија на Бриозоа, мали лигави хермафродитски животинчиња кои се групираат и формираат ваква „кеса“ налик на диносаурско јајце — зачудени се како завршиле во Утрехт, Холандија.
Овој феномен обично не се јавува во Холандија, објаснува локалната екологистка Ане Најс за AD.
„Големата „кеса“ се формира кога повеќе животни се соединуваат. На некој начин создаваат колонија, а понекогаш и повеќе колонии можат да се слепат и да формираат уште поголем објект. Кесата може да достигне до 2 метри во дијаметар и се прикачува на некоја површина,“ вели Најс.
Доброволци го откриле овој морничав објект залепен за пловечки остров во каналот. Експертите велат дека колониите можат да достигнат и до 7 метри во дијаметар.
„Ова е прв пат да се открие тука. Значи, ова е многу посебна приказна,“ додаде Најс.
Таа појаснува дека иако изгледот е вознемирувачки, овие колонии не се штетни.
Оригинално доаѓаат од Источниот брег на САД, а биле откриени уште во 1883 година во Германија.
Пролетва, групација од овие „вонземски јајца“ била забележана и во Оклахома, што предизвикало низа теории за вонземски подметнувања.
„Од 1990 година, видот се појавува низ цела Западна Европа и брзо се шири,“ објаснува Најс.
Бриозоите се зооиди кои имаат и женски и машки репродуктивни органи, што им овозможува да се клонираат.
Постојат речиси 6.000 познати видови од овие чудни суштества — се надеваме дека нема да бидат во местото каде што планирате да пливате.
Коментирај анонимно