Сценарио за Божиќен филм! Четворица странци решаваат да изнајмат автомобил, да патуваат 20 часа и да се вратат дома за Божиќ, откако летот им бил откажан поради снежна бура

Звучи како празничен филм: двајца момци и две девојки заглавени на аеродром откако нивниот лет ќе биде откажан, решаваат да возат 20 часа низ земјата за да се вратат дома за Божиќ.

 

 

Но, токму тоа е сценариото што се одигра за Бриџит Шустер, Грег Хенри, Аби Редклиф и Шоби Мејнард кога на 22 декември нивните планови за патување биле попречени од бруталната зимска бура што ја зафати Америка.

Четворицата млади се нашле заглавени на меѓународниот аеродром во Тампа, очајни да се вратат дома во Кливленд за Божиќ. Откако стоеле наоколу неколку часа, четворката решила да изнајми автомобил и заедно да ги возат 20-те часа.

 

Она што започнало како гест на добра волја и тимска работа се претворило во патување исполнето со забава.
Во вистински „Gen Z“ стил, тие го споделија сето тоа на „TikTok“, собирајќи милиони прегледи додека патуваа низ бензински пумпи и постојки за одмор, виулици и дождови, пред да се вратат дома во Охајо на време за Бадник.

Драмата започнала во 18 часот во четвртокот, кога летот од Тампа бил откажан.

 

 

 

„Најрано што можеа да не извлечат од таму беше на 24 декември во 18 часот, а сите сакавме да се вратиме дома, очигледно, многу порано од тоа“, изјави Бриџит Шустер.

„Во мојата глава размислувам, веќе знам дека нема да има повеќе летови денес. Особено за Кливленд, особено знаејќи дека има бура“, додаде Хенри.

Го изнајмил автомобилот – и ги замолил другите да му се придружат.

 

„Бидејќи сите зборувавме за тоа, мислам дека сите бевме едногласни: „Да, го правиме тоа“.
Шустер сподели ажурирања за патувањето на нејзиниот профил на „TikTok“, каде пријателите и загрижените странци прашуваа дали е сѐ во ред. До крајот на патувањето, нејзиното оригинално видео од почетокот на патувањето доби 13 милиони прегледи. Сега, четворицата планираат да останат во контакт.

„Влеговме во многу длабок, длабок разговор за нашите животи и низ што сѐ сме поминале. Ова беше цела авантура“, додаде Хенри.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *