Се чувствувате ли старо? Шрек наполни 20 години, а овие работи можеби не сте ги знаеле за анимираниот филм
Мислам дека повеќето обожаватели на Шрек ќе можат да се разберат какво е чуството кога ќе кажам дека веќе не ни бројам колку пати сум го гледал филмот.
Иако другите приказни ги прикажуваат огрите како џиновски чудовишта од кои треба да се плашиме, Шрек нè учи дека, како и кромидот, суштествата имаат слоеви, а во текот на филмот гледаме дека под неговите првични желби да направи бања со кал и да биде оставен на мир, Шрек е способен да биде добар пријател и да се вљуби.

Приказната за Шрек е раскажана во вкупно четири филмови, а последниот, „Шрек засекогаш“излезе во 2010 година. Ова, во комбинација со фактот дека фановите, најверојатно, повеќе пати го гледале филмот веројатно е причината што е толку шокантно дека сагата започнала пред цели две децении.
Нетфликс Велика Британија ги потсети корисниците на Твитер на овој вознемирувачки факт со твит објавен на 22 Април кој гласи: „Премиерата на Шрек беше НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 20 ГОДИНИ, и оттогаш светот е позелено место“.
Shrek premiered 20 YEARS AGO TODAY, and the world has been a greener place ever since. 💚💚💚 pic.twitter.com/EqlIdcyezA
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) April 22, 2021
Иако поводот е за славење фановите тешко можеа да ја прифатат веста, а многумина одговорија на твитот за да го изразат својот ужас.
Еден корисник на Твитер се пошегува дека ќе го пријави твитот на Нетфликс за „штетен и навредлив“, а друг праша: „Зошто се обидуваш да направиш да се чувствувам антички?“
Ви претставуваме интеренси факти кои најверојатно не сте ги знаеле за анимираниот филм
Шрек има ѕвезда на Холивудската ѕвездена патека

Да Шрек, анимираниот зелен огар доби своја ѕвезда на Холивудската ѕвездена патека, не е така лошо за суштество што се бања со жаби.
Магарето (Донки) е омилен лик на Еди Марфи

Секој актер има своја омилена улога, а токму улогата на Донки е омилената на Еди Марфи, а можеме да кажеме и нашата.
Постои Шрек мјузикл
Целата франшизата Шрек беше толку огромен хит што предизвика други серии поврзани со неа, како и мјузикл. Можам само да замислам колку е тешко да се претвори актер во зелен огар и да настапува на сцена.
Легендарната реченица била снимена во лимузина
Откако Шрек ги најде сите ликови од бајките во своето мочуриште, тој извика: „Што правите во моето мочуриште?“ Реченицата беше клучна за сцената, но бидејќи заборавиле да ја снимат, Мајерс мораше да ја сними легендарната реченица во лимузина.
Николас Кејџ ја одбил улогата затоа што не сакал да биде огар
Раководните лица на „Дримворкс“ размилсувале улогата на Шрек да ја играат Том Круз или Леонардо ди Каприо, сè додека Каценберг не му ја поудил на Николас Кејџ. Кејџ изјави дека ја одбил улогата затоа што „едноставно не сакал да изгледа како огар“. Иако, по размислувањето, Кејџ сфати дека „можеби требал да ја прифати“.
