„Се чувствував исцрпена со месеци и мислев дека е само грип, но кога отидов на лекар ми рекоа дека имам рак. Имам само 20 години – еве кои знаци ги пропуштив“

20-годишната девојка се борела „со грип “ неколку месеци пред да оди на лекар и да ѝ биде дијагностициран рак на крвта во доцна фаза. Инаку, „совршено здравата“ млада девојка се борела со симптомите во месеците пред нејзината катастрофална дијагноза на Хочкинов лимфом.

 

 

Оливија објасни дека нејзините симптоми започнале во октомври 2022 година, кога почнала да се чувствува уморна и заморена. Имала болки во долниот дел на грбот и долга кашлица за која мислела дека на крајот ќе исчезне. Таа, исто така, имала мала грутка над левата клучна коска која била болна на допир.

На крајот, кога не можела да се ослободи од непријатните симптоми, младата девојка од Мелбурн отишла кај својот матичен лекар за одговори. Едноставните тестови на крвта покажале дека нејзините воспалителни маркери се високи, што укажува дека нешто не е во ред, па затоа ѝ направиле и анализа на урината.

 

„Една ноќ, кога се подготвував да излезам, ми се јави докторот за да ме извести дека резултатите укажувале дека постои уринарна инфекција што беше чудно бидејќи воопшто немав никакви симптоми. Исто така ми рече со овие резултати дека треба веднаш да одам во болница, но јас не сакав да одам. Така почнав да земам антибиотици. Следното утро се разбудив жива вода и на крај пак завршив во болница. По направените анализи докторот дојде целиот блед и ми рече „не изгледа добро“. Тој рече дека имам отечени лимфни јазли низ стомакот и течност на срцето. Тоа беше целосен шок – кога ми го спомна срцето помислив „тоа е за мене, ќе умрам“. Во тој момент лекарите беа прилично сигурни дека е рак“.

 

Тоа беше на 25 јануари кога официјално ѝ бил дијагностициран рак на крвта – стадиум 3B Хочкинов лимфом. Оливија се лекува веќе пет месеци и има уште само три сесии. Таа рече дека по првите два месеци ракот „речиси исчезнал“ и дека нема да треба да оди на операција.

Пред да биде дијагностицирана, Оливија рекла дека вежбала четири пати неделно, никогаш не пушела цигари, едвај пиела алкохол и најчесто се хранела здраво. Таа, исто така, нема историја на рак во нејзиното потесно семејство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *