Се испитува древна мумифицирана „сирена“, која би требало да даде „бесмртност“ на оној што ќе ја изеде

Научниците објавија планови за испитување на мумифицирана „сирена“ за која се шпекулира дека дава бесмртност на секој што ќе го вкуси нејзиното месо.

Истражувачите од Универзитетот за наука и уметност Курашики открија дека ќе ја земат мумифицирана „сирена“ за компјутерска томографија со цел да се дојде до дното на нејзината мистериозна форма и легенда за која дури се тврди дека е поврзана со лошите работи кои му се случуваат на светот годиниве.

Мумијата може да има и религиозно значење според креаторот на проектот, Хироши Киношита, од фолклорното друштво Окајама.

„Јапонските сирени имаат легенда за бесмртноста. Се вели дека ако јадете месо од сирена, никогаш нема да умрете“, рече тој. „Во многу делови на Јапонија постои легенда дека една жена случајно изела месо од сирена и живеела 800 години. Оваа легенда „Јао-Бикуни“ е зачувана и во близина на храмот каде е пронајдена мумијата на сирената. Слушнав дека некои луѓе, верувајќи во легендата, јаделе лушпи од мумии од сирени“.

Киношита, исто така, објасни како постои легенда околу сирените што можат да „предвидуваат[…] заразна болест“ и дека тоа можеби ја навестувало пандемијата.

Додека писмото што дошло со мумијата сугерира дека е „фатена во мрежа за ловење риби во морето кај префектурата Коцки“, Киношита е скептичен.

Во писмото се вели: „Рибарите кои ја фатиле не знаеле дека е сирена, но ја однеле во Осака и ја продале како необична риба. Моите предци ја купике и ја чуваа како семејно богатство.“

Мумијата моментално престојува во храмот Енџуин во градот Асакучи, каде што е затворена во огноотпорен сеф, а претходно била изложена во стаклена кутија.

Сепак Киношита се сомнева во приказната. Тој изјави: „Се разбира, не мислам дека тоа е вистинска сирена. Мислам дека ова било направено за извоз во Европа за време на периодот Едо, или за спектакли во Јапонија“.

Тој истакна дека зголеменото ниво на интерес за мумијата веројатно е резултат на „легендата за сирените која постои во Европа, Кина и Јапонија низ целиот свет“.

Во јапонскиот фолклор постои и суштество наречено нингјо, кое има тело покриено со лушпи, уста на мајмун и заби на риба. Размислувајќи за митологијата, Киношита објасни дека планираните КТ скенови, па дури и ДНК тестовите се надеваат да докажат дали мумијата е „направена од живи животни“.

Тој заклучил: „Изгледа како риба со крлушки на долниот дел од телото и примат со раце и лице на горниот дел од телото“.

Наодите од научното испитување на мумијата ќе бидат објавени подоцна оваа година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.