Се нервирате ако ве „бутнат“ 3 пати на полагање за возачка? Запознајте ја жената која положила од 960 пат и замислете како ѝ е!

Една жена потрошила 13.500 долари за да добие возачка дозвола, конечно успеа во нејзиниот 960 обид, повторно стана позната по речиси 15 години откако нејзината приказна стана светски позната.

Приказната на Ча Са-Сун беше повторно споделена на „Reddit“, каде што привлече внимание поради нејзината истрајност во „бркањето“ на нејзината возачка дозвола.

 

 

Првиот обид на писмениот тест го направила во април 2005 година, но за жал не беше успешен. Сепак, Јужнокорејката не се одвратила и продолжила да го полага повторно додека не го положи, полагајќи го испитот секој ден, пет дена во неделата во текот на три години.
Потоа го намалила ова на само два пати неделно, додека конечно не го положила писмениот тест, на нејзиниот 860-ти обид.

Откако го имаше тоа под појас, премина на практичниот тест, кој исто така ќе се покаже како предизвик.
Ча Са-сун мораше да го полага тој тест 100 пати, со што вкупниот број на возачки испити достигна 960, помеѓу писмените и практичните елементи.

Според инструкторот за возење на Ча Са-Сун, кога таа конечно положила, тоа било „огромен товар од нивните грбови“.

 

 

Инструкторката од автошколата „Јеонбук“ рече: „Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме навивајќи  и ја прегрнавме, давајќи и цвеќе“.

Приказната на Ча Са-Сун стана светски позната поради нејзината истрајност, правејќи ја национална славна личност.

Дури и беше подарено сосема ново возило во вредност од 13.000 евра  од јужнокорејскиот производител на автомобили „Hyundai“.