„Се облеков „голо“ како Бјанка Ценсори на една од најпрометните улици во градот – еве какви беа реакциите на минувачите“

Ново видео открива како изгледа реалноста зад таканаречените „голи аутфити“ на Бјанка Ценсори, австралиската архитектка и сопруга на раперот Кање Вест. Нејзините минималистички, беж комбинации, продолжуваат да привлекуваат внимание.

 

 

 

Во експеримент на news.com.au, Мади Меј облече сличен аутфит и прошета низ улиците на Сиднеј, привлекувајќи погледи од случајни минувачи. Таа изјави дека, иако се чувствувала малку изложено, искуството било позитивно. Според неа, носењето балска тоалета би било многу понепријатно, бидејќи привлекува уште повеќе внимание.

Реакциите на минувачите беа поделени. Еден турист изјави дека аутфитот е премногу смел за на улица, додека друга минувачка сметаше дека повеќе жени би биле љубоморни на стилот отколку што би го осудувале.

 

 

 

„Голите аутфити“ веќе се преселуваат од улиците на Холивуд во секојдневната мода, со обожаватели како Валерија Хоробц, која го прифатила стилот инспириран од Бјанка Ценсори и Ким Кардашијан. Таа објасни дека носи ваква облека бидејќи ја смета за „секси и модерна“, иако признава дека добива различни реакции – од пофалби од блиските до погледи од непознати.

 

 

Додека стилот продолжува да се популаризира, многумина го гледаат како израз на индивидуалност и тренд кој, иако контроверзен, дефинитивно не поминува незабележано.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *