„Се откажав од овие 5 прехрамбени производи – и изгубив 27 килограми за 48 дена“
Раджив Ранджан долго време го сметал постојаниот умор за своја природна состојба. Дневната поспаност, подуеноста, болките во зглобовите – сето тоа го препишувал на стрес и недостиг на сон. Но, кога вагата покажала 102 килограми, одлучил да го промени начинот на живот и да истражи како исхраната влијае врз телото. Открил дека хроничното воспаление е поврзано со вишокот килограми, заморот и менталната магла, па направил радикална промена: исклучил пет воспалителни намирници.
Првото што го отстранил бил шеќерот. Иако обожавал слатки, одлуката да ги отстрани резултирала со значителни подобрувања – исчезнал менталниот замор и паднал интересот за благо. Потоа ги заменил рафинираните јаглехидрати – бел леб, ориз и тестенини – со киноа, батат и малку интегрален ориз. Нивото на енергија му се стабилизирало во текот на целиот ден.
Некои од клучните промени
Следувала елиминацијата на млечните производи, посебно млекото и сирењето, кои предизвикувале подуеност и нечиста кожа. Калциумот го добивал преку семиња, зеленчук и растителни пијалаци. Жртвувал и пржена и индустриски обработена храна, како чипсови и улични закуски, богати со трансмасти, по што болките во зглобовите речиси исчезнале, а варењето и спиењето се подобриле.
Конечно, ги исфрлил засладените пијалаци, вклучувајќи и „здрава“ газирана вода и спортски пијалаци. Останал само на обична вода, вода со лимон и зелен чај, што довело до подобро варење и стабилен енергетски ниво.
Нов начин на живот
Без таблети, броење калории или интензивни тренинзи, само со домашна храна, дневни прошетки и фокус на благосостојбата, за 48 дена изгубил 27 килограми. Денес се чувствува полн со енергија, без подуеност, со јасен ум и цврст сон – и оваа нова рутина станала негов начин на живот.
Коментирај анонимно