Се отвори земјата во Солун и проголта автобус со 15 патници

Во автобусот се наоѓале 15 работници од рафинеријата за нафта во Солун, но за среќа нема повредени, соопштија локалните власти.

Според фотографиите можеме да забележиме дека предниот де дел од автобусот пропаднал во дупка сред патот.

Се претпоставува дека ерозијата на почвата под асфалтот била предизвикана од обилните дождови што го зафатија поголемиот дел на Балканот.

Невремето предизвикало голем застој во сообраќајот, а многу возила биле заробени под вода.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!